Утрински Весник
Скопје

Мециновиќ: Ги повикувам гласачите на Шукова да ме поддржат во вториот круг

Amar mecinovik.jpg

Кандидатот на Левица за градоначалник во Град Скопје, Амар Мециновиќ очекува поддршка од сите „здраворазумни граѓани“ во вториот круг. Упати порака до сите кои што се колебаа во првиот круг и не излегле да гласаат.

-Статус-квото е секогаш како избор на четири години, но овој пат не е така. Ги живееме првите денови каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се најголемите политички фактори. Тоа ќе охрабри голем број на граѓани кои беа на работ да излезат во првиот круг и да го дадат својот глас за нова опција. Морам да ги поздравам и независните листи кои влегоа во Советот на Град Скопје. Спремен сум да соработувам со тие советници. Ги повикувам на поддршка независните листи, рече Мециновиќ.


Даде коментар и за гласачите на СДСМ.

-Нивната партија, иако нема што да се грижам за нивната партија, едноставно гледаме дека се наоѓа во вид на политичка криза. Сметам дека таму има многу луѓе кои ја делат визијата која јас ја претставувам. Ги повикувам луѓето кои ја поддржаа госпоѓата Каја Шукова во првиот круг, да ме поддржат мене во вториот круг, додаде тој.

Можете да прочитате

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција, најави Ѓорѓиевски

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар