Утрински Весник
Магазин

Права италијанска пица: Кога ќе ви се јаде веднаш – Направете го тестото за миг

Pica 2.jpg

Овој рецепт е совршен за сите оние кои живеат брзо и не сакаат да се откажат од домашната пица.

Ќе се согласите дека нема некој кој не сака пица. Вкусна, мека и топла, таа често е јадење на семејните трпези и кај нас. Кога немате ништо подготвено за вечера, а гостите само што не стигнале, овој рецепт е вистинско решение. А вкусот пред сè го дава вистинското тесто, дури потоа додатоците.


Потребни соостојки: 250 мл јогурт (што е можно погуст), 250 мл меко брашно, 1 јајце со средна големина, 1 лажичка прашок за пециво (рамна лажичка), 1/2 лажичка сол, 1 лажица маслиново масло (за тестото) и малку за премачкување на плехот;

Подготовка: Вклучете ја рерната и загрејте ја на 220 степени Целзиусови. Ставете го плехот во рерна за да се загрее.

Истурете го јогуртот во поголем сад, додадете го јајцето и маслиновото масло. Изматете ги кратко со вилушка или жица за да се соединат.

Во истиот сад додадете брашно, прашок за пециво и сол.

Мешајте ги сите состојки со лажица или силиконска шпатула додека не се соединат во мазно, но сепак доста меко и малку лепливо тесто. Не месете предолго. Доволно е само да нема суво брашно.

Извадете го загреаниот плех од рерна. Обложете го со хартија за печење, а потоа истурете го тестото директно врз хартијата.

Со влажни раце или лажица намастена со масло, нежно распоредете го тестото по целиот плех за печење во што е можно потенок слој. Не грижете се ако не е совршено тркалезен, важно е да е тенок.

Веднаш нанесете го вашиот омилен доматен сос, наросете со половина од сирењето, а потоа наредете ги останатите состојки по желба (шунка, печурки, маслинки, кромид…). На крајот, наросете со остатокот од сирењето и ориганото.

Ставете ја пицата во загреаната рерна и печете околу 10 до 15 минути, или додека рабовите на тестото не поруменат, а сирењето убаво не се стопи и не добие златна боја. Времето на печење може да варира во зависност од дебелината на тестото и јачината на вашата рерна.

Ова тесто е без квасец, па затоа нема да нарасне како класичното тесто за пица. Ќе биде повеќе како крцкава, тенка кора што е идеална за брзи оброци. Пријатно!

Можете да прочитате

Овој хороскопски знак секој посакува да го има барем за пријател

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата

Онколозите предупредуваат дека честото користење пластични садови може да предизвика појава на рак