Утрински Весник
Свет

Си Џинпинг го претстави нацртот на новиот петгодишен план за Кина

Ksi j.jpg
Dik 300x250 mk

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го претстави нацртот на петгодишниот план во кој се наведени целите за земјата и владејачката Комунистичка партија (КПК).

Си во говорот на отворањето на пленумот на Централниот комитет на ККП, „ги објасни нацрт-предлозите на раководството на партијата“ за следниот петгодишен план за национален економски и социјален развој, за периодот од 2026 до 2030 година.


Новиот петгодишен план доаѓа во време на растечки предизвици и неизвесности за Кина, вклучувајќи забавување на економијата, странски ограничувања за пристап до технологија и високи тарифи за извоз во Соединетите Американски Држави.

Планот треба да се фокусира, како што објавува Ксинхуа, на „висококвалитетен“ развој и технолошки иновации, а воедно да се обезбеди заштита на националната безбедност и пофер и поширока распределба на придобивките од економскиот раст.

-Ќе има тешкотии и пречки на нашиот пат напред, а може да се соочиме и со големи искушенија. Мора да бидеме подготвени да се соочиме со низа нови ризици и предизвици, се вели во него.

Пленумот на Централниот комитет на КПК ќе трае четири дена и ќе собере околу 200 членови на партијата со право на глас и 170 заменик-членови на Централниот комитет.

Телото ќе го одобри нацрт-петгодишниот план, но сите детали веројатно нема да бидат објавени сè додека не биде формално одобрен на следниот годишен состанок на законодавното тело, што се очекува во март.

Можете да прочитате

Лувр под клуч: По спектакуларната кражба продолжува потрагата по виновниците

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

Зеленски: Украина нема ништо да му даде на агресорот и нема ништо да заборави