Утрински Весник
Македонија

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време

Meteoalarm.mk 15 2.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во почетокот од новата работна недела, односно во понеделник и во вторник (20/21 октомври) времето во нашата Република Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево а во вторник полека облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.


И во Скопје  и околината времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во среда (22 октомври) ќе имаме  и повремени локални врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, во Скопје и околината максимумот на температурата ќе се искачува до околу 16 степени. Тоа значи дека температурите  и понатаму ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница