Утрински Весник
Скопје

Купишта ѓубре на сред улица ги блокира граѓаните да излезат од паркинг во Аеродром на ден на гласањето (ФОТО)

Img 20251019 wa0000.jpg

Поголем број на граѓани со своите автомобили се заглавени на паркинг во скопски Аеродром на денот на локалните избори откако купиште со ѓубре е исфрлено на средина на паркинг улица на булеварот Србија.

Граѓаните кои утринава тргнаа да го остварат своето избирачко право се револтирани што не можат со своите автомобили да излезат од паркинг просторот и мораат да одат пешки.


Прашање е како овој смет се најде тука, кој го исфрли и зошто е надвор од контејнер.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Меџити: Секоја улица е важна, секое маало заслужува инвестиции

Во понеделник Општина Центар ќе врши вонредна дератизација