Утрински Весник
Балкан

Косово стана член на Европскиот економски и социјален комитет

Kosovo 1.webp.webp

Косово е примено во Европскиот економски и социјален комитет, објави Косовската радио-телевизија (РТК).

Ова е првата европска институција што го прифати Косово како членка, иако сè уште нема статус на земја-кандидат за членство, забележува јавниот медиум.


Косово долго време сака да се приклучи во ЕУ, но останува единствената земја на Западен Балкан што сè уште нема статус на земја-кандидат за членство. Косово аплицираше за членство во ЕУ на крајот на 2022 година, но неговата кандидатура е во застој поради недостиг на консензус меѓу 27-те земји-членки, бидејќи пет земји од ЕУ – Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија – не ја признаваат независноста на Косово.

Европскиот економски и социјален комитет минатата година започна пилот-фаза од проект со земјите-кандидатки, но Косово не беше вклучено во тоа време, бидејќи немаше статус на земја-кандидат за членство, потсети Косовската радиотелевизија.

„По консултациите со Европската комисија и други релевантни засегнати страни, беше одлучено да се отвори втората фаза од иницијативата за Косово како потенцијален кандидат за членство“, соопшти Европскиот економски и социјален комитет, цитиран од РТК.

Европскиот економски и социјален комитет е советодавно тело на Европската Унија, кое е составено од претставници на здруженија на работодавачи, синдикати и организации на граѓанското општество, забележува медиумот. Неговата цел е да обедини различни економски и социјални интересни групи со цел да придонесе за развојот на единствениот пазар на ЕУ. 

Можете да прочитате

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик

Мигранти се тепале во Србија, едно лице загинало

Унгарската влада на ТИСА положи заклетва, Маѓар вети служба во интерес на нацијата наместо на премиерот