Утрински Весник
Македонија

По објавата на 24инфо: ДИК поништи листа со починато лице во кандидатура за Совет на Град Скопје

Dik glasanje.png
Dik 300x250 mk

По објавениот скандал од страна на 24инфо, Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека на кандидатската листа за членови на Советот на Град Скопје, поднесена од Движењето за национално движење на Турците, било предложено починато лице — Бејњеза Лутвиовска. Поради тоа, Комисијата ја поништи потврдената листа на овој политички субјект.

„На 17 октомври, по допрен глас, ДИК доби информација дека на листата има починато лице. По тоа, прибавивме писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, бидејќи за наведеното лице нема лична изјава за прифаќање на кандидатурата, која е задолжителна и неотповиклива за потврдување на листата,“ изјави претседателот на ДИК, Борис Кондарко.


Тој додаде дека Комисијата донела одлука писмено да го извести Јавното обвинителство, кое треба да ги провери податоците и, доколку утврди основ, да покрене соодветни постапки.

„ДИК ќе ги достави сите документи до Обвинителството, согласно нивните законски надлежности,“ посочи Кондарко.

Членот на ДИК, Александар Дашковски, потсети дека вакви случаи не се првпат да се појават.

„И минатата година Работничката партија предложи починато лице на кандидатска листа. Тогаш ја отфрливме листата и документите беа предадени на Обвинителството, кое отвори кривична постапка. Таква постапка е предвидена и за вакви случаи,“ изјави Дашковски.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста како нов пример за неажурност и пропусти при поднесување изборни листи, во период кога институциите апелираат за почитување на изборните процедури и законската транспарентност.

Можете да прочитате

Пријавен поткуп за време на изборниот молк – градоначалник и две лица фатени на лице место

Гласовите на болните и изнемоштени не се бројат и објавуваат денес, објави ДИК

Вечерва тешка сообраќајка несреќа на истото место каде што загина Фросина