Утрински Весник
Македонија

Обвинителството оформило предмет за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Image 239112.jpg

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.

Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основното јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.


„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот, стои во соопштението на ОЈО.

При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.

Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.

Можете да прочитате

Лукаревска: Семејствата сами се борат за лекови, СДСМ предлага проширување на позитивната листа

Има решение за македонското земјоделство – но дали системот сака да се промени?

За два дена 1026 сообраќајни прекршоци низ Македонија