Утрински Весник
Македонија

Каранфилова Пановска: Трајковски е гаранција дека Старо Нагоричане ќе продолжи со развој и грижа за секој граѓанин

Staronagorichane2.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска од граѓанската средба „Се бориме за нашиот дом” во Старо Нагоричане истакна дека од 2017 до денес Старо Нагоричане, раководено од СДСМ е симбол на одговорно, чесно и домаќинско управување.

платено политичко рекламирање

„Нашиот кандидат за Градоначалник, Далибор Трајковски и тимот околу него, заедно со советничката листа предводена од Иван Марковиќ, се наследници на тој дух на работа, чесност и посветеност. Тие се гаранција дека овој пат ќе продолжи – со нова енергија, со идеи и со истата грижа за секој граѓанин”, нагласи Каранфилова Пановска.


Таа ги повика граѓаните на 19-ти октовмри, да гласаат за бројот 5, за Далибор, за Иван, за Старо Нагоричане, за иднина на Македонија со СДСМ и Коалицијата.

„Затоа што ова не се само избори за општина – ова е избор за тоа каква држава ќе бидеме. Изборот е меѓу лаги и чесност, меѓу режим и слобода”, порача Каранфилова Пановска.

Во своето обраќање пред граѓаните на Старо Нагоричане, Каранфилова-Пановска се осврна на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и неговите послушници на централно ниво.

„Пред година и пол, граѓаните го очекуваа ветениот подобар живот, а добија раскалашена влада што живее во луксуз, далеку од народот.  Пензионерите ги оштетија со формули и помпезни ветувања. Работниците ги оставија без покачувања на платите, земјоделците без субвенции. Сметките растат, цените дивеат, младите си заминуваат. Ја задолжија државата како никогаш досега, унгарски кредит, британско партнерство, 7 милијарди евра. За граѓаните нема ништо, ама граѓаните ќе мора да враќаат нивните бескорисни кредити”, нагласи Каранфилова Пановска на граѓаниот собир во Старо Нагоричане.

Можете да прочитате

Полициска акција во Штип – приведени службеници

Тетовец пријавен за закани кон полициски службеници во Гостивар

Утре променливо облачно време – 24info.mk