Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Османи: Општината е претворена во партиско седиште, партиски состаноци се држат во советот

Image 2025 10 16 205418965.png
Img 7972

Општината Чаир денес е претворена во партиско седиште. Ова го изјави кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи во интервјуто за ТВ Шења, обвинувајќи дека институциите на општината се узурпирани и ставени во служба на тесни партиски интереси.

„Знаете ли дека состаноците на ограноците и подограноците на новата партија се одржуваат во Општинскиот совет?


А за да завршите обична услуга во општината, треба да отидете во еден ресторан во Бутел, да се сретнете со некои луѓе таму, па дури потоа да го земете документот”, рече Османи, додавајќи дека ова е јасен пример за злоупотреба на институциите и за нефункционална локална власт.

Тој истакна дека Чаир денес не функционира како општина на граѓаните, туку како „продолжена рака на една клика и инструмент за лични и партиски профити.

„Сега Чаир е во рацете на мала група и им служи само ним. Создадена е олигархија што се збогатила со милиони на грбот на граѓаните”, нагласи Османи.

Тој најави дека веднаш по стапувањето на функцијата градоначалник ќе преземе длабоки институционални и кадровски промени за професионализација на општинската администрација.

„Сакам со ‘ножиците на хирургот’ да ги пресечам корените што ја гушат општината, и да ја вратиме на граѓаните”, истакна Османи.

Тој потсети дека низ својата политичка кариера секогаш носел резултати, дури и за најтешките прашања на државно ниво, така ќе работи и за општината и за интересите на граѓаните. 

Можете да прочитате

Четири години празни ветувања, Горно и Долно Лисиче заборавени од Муцунски и Митески

Каја Шукова во „360 степени“: Скопје мора да профункционира како град што навистина им служи на своите граѓани

Левица најавува ревизија на сите тендери во општина Аеродром