Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк

20251016194733 big 730x400 56.webp.webp
Dik 300x250 mk

На денешниот народен митинг во Аеродром во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски претставувајќи ги проектите од програмата кои ќе се реализираат во општина Аеродром.

Ѓорѓиевски истакна дека, во соработка со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески прво ќе се зафатат со решавање на сообраќајниот хаос и поврзување на Аеродром како никогаш досега.


„Конечно ќе го завршиме булеварот „АСНОМ“ и ќе ве поврземе со Гази Баба преку новиот мост. Ќе го изградиме и булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар, со што отвораме целосно нов коридор кон Гази Баба и кон новиот мега парк Вардариште. Предвидуваме реконструкција на улицата Фрањо Клуз, и пробивање на булеварот Борис Кидрич. Аеродром нема повеќе да биде сообраќаен остров, туку најповрзаната општина во Скопје“, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека ќе го решат секојдневниот урбан хаос и дека, пред сè, ќе се воведе ред со ставање крај на опасниот сообраќај кај „Тобако 2“ со изградба на модерен двоен кружен тек, зошто безбедноста на децата кои одат во училиште е на прво место.

„И конечно, го решаваме хроничниот проблем со паркирањето. Ќе изградиме монтажни катни гаражи во Ново Лисиче, Јане Сандански и Мичурин. Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари“, истакна Ѓорѓиевски.

Исто така, додаде Ѓорѓиевски, ќе инвестираме во здрава животна средина, за здравјето на нашите семејства.

„Ќе го решиме деценискиот еколошки проблем со Усјанскиот канал, со негово целосно затворање и претворање во уредена, зелена пешачка зона со нова урбана опрема. Ќе го решиме проблемот со Вардариште. Јас ви ветувам на сите аеродромци дека, конечно, проблемот со Вардариште ќе биде во нашиот четири годишен мандат. На крајот на мојот мандат тоа ќе биде модерен парк, а кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче“, се заложи Ѓорѓиевски.

Можете да прочитате

Шукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град

Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад