Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

УЗКН ќе поднесе соодветна пријава за оштетување културно наследство по уривањето на дел од куќата на Владо Малески во Струга

Vlado maleski unishtena kuka vo struga.jpg
Dik 300x250 mk

Управата за заштита на културно наследство (УЗКН) соопшти дека согласно постоечката законска регулатива, до соодветните органи „ќе поднесе соодветна пријава за оштетување на културно наследство“, по  нанесената штета на куќата на Владо Малески во Струга, заштитени објект-споменик, предизвикана при изведување градежни работи.

платено политичко рекламирање

-Од страна на инспекцискиот надзор кој се уште е во тек, сум известена дека до паѓање на калканскиот зид најверојатно дошло поради постоење подземна вода, соопшти директорката на Управата, Весела Честоева. 


Управата информира дека согласно своите законски надлежности постапила веднаш и на терен испратила инспекциската служба да изврши увид, по претходно доставен извештај од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

-Управата за заштита на културното наследство издала Решение за заштитно-конзерваторски услови за рушење на постојниот и изградба на нов објект на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 14 во Струга, КП 1336 КО Струга. Во управната постапка било прибавено Мислење од Комисијата за управување со светското и природно културно наследство на Охридскиот регион. Управата врз основа на Мислењето од Комисијата, во Решението за заштитно-конзерваторски услови, покрај другите услови за преземање  мерки на непосредна заштита, укажала дека објектот во сопственост на Зуди Каба се наоѓа непосредно до и дели калкански ѕид со поединечно заштитеното добро Стара струшка куќа – Владо Малевски и затоа потребно е да се дефинира начинот на рушење на постоечкиот објект и мерките за заштита од оштетување или загрозување на постојниот, поединечно заштитен објект. Мерките за заштита за соседниот објект, кој е поединечно заштитено добро, се определуваат во основниот проект и треба да бидат соодветно применети од изведувачот на објектот, стои во соопштението од Управата. 

Куќата на Владо Малески – споменик Стара струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 во Струга – е прогласен од Управата за значајно културно наследство. 

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ