Утрински Весник
Македонија

Неврологот Кузмановски бил пријавен во полиција поради заканувачки пораки уште пред да се појави видеото

Nevr.jpg

Неколку денови пред да биде објавено компромитирачкото видео на коешто се гледа како докторот од Клиниката за неврологија Игор Кузмановски меша бела прашкаста супстанција и зборува за квалитетот на „белото“, во полициска станица Карпош во Скопје, 54-годишна жена пријавила дека од септември тој ѝ упатувал заканувачки пораки по телефон, пишува порталот „Слободен печат“.

платено политичко рекламирање

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ потврдиле дека пријавата е примена и најавиле поднесок.


„На 4 октомври 2025 година во 20 часот, во СВР Скопје 54-годишна жена пријавила дека од месец септември И.К. од Скопје ѝ упатувал заканувачки пораки по телефон. Со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР за „Слободен печат“.

Доктор Игор Кузмановски веднаш беше разрешен од функцијата директор на Клиниката за неврологија.

Наредните денови беше обелоденето и дека немал важечка специјалистичка лиценца од Лекарската комора од 15 март годинава па сè до минатата недела кога побарал нејзино продолжување за што доби 500 евра казна.

Можете да прочитате

Мециновиќ: Договорот за мигранти со Британија мора да се отвори – без хистерија, со факти

МВР ги чисти нелегалните казина – има и приведени

Предлогот за разрешување на Коцевски стигна во Собранието