Утрински Весник
Економија
Img 7972

М-Р МИХАЈЛО БОРОЗАНОВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ”: ПРОДУКТИВНОСТ, ДОБРА ИНФРАСТРУКТУРА И ИНВЕСТИЦИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО – КЛУЧ ЗА ПРОСПЕРИТЕТ НА ДРЖАВАТА

Biznis klub.jpg
Img 7972

Во втората сезона на поткастот „Бизнис-клуб”, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески разговара со м-р Михајло Борозанов, директор на Дирекцијата за финансии и член на Управниот одбор на „Макпетрол” АД Скопје. Разговорот беше посветен на бизнис-условите за развој на македонската економија и на улогата на „Макпетрол” АД Скопје, македонска компанија со 80-годишно постоење, како еден од столбовите на македонската економија.

платено политичко рекламирање

Во разговорот м-р Борозанов изјави дека компанијата „Макпетрол” АД е лидер на Балканот во енергетскиот сектор, функционира на солидна деловна основа, вработува повеќе од 2000 луѓе, поседува 127 малопродажни објекти и остварува годишен обрт од 500 до 600 милијарди евра, иако работи со мали маржи. Во фокусот на компанијата е квалитетот на производот и на услугите, преку доследно следење и почитување на стандардите.


М-р Михајло магистрирал Бизнис-администрација со специјализација по финансии на Дунавскиот универзитет во Кремс, Австрија. Неговото 20-годишно искуство во корпоративните финансии, стратегијата, менаџментот со ризици и дигитализацијата му овозможува успешно да ги извршува функциите директор на финансии и член на Управниот одбор во „Макпетрол” АД Скопје. Според него, финансиската стратегија, дигиталната трансформација и современото корпоративно управување, меѓу кои и управувањето со ризици, се основата за создавање одржлива и глобално конкурентна економија.

Запрашан за бизнис-амбиентот, кој не е докрај поволен за создавање услови за повисоки профити и за зголемен извоз, што би довело до додадена вредност на производот и на услугите и би обезбедило добар и сигурен опстанок на државата и останување на младите во неа, м-р Борозанов нагласи:

„Потребно е зголемување на продуктивноста преку вложување во добра инфраструктура (железнички и патен сообраќај), силни инвестиции во образованието, знаењето и во практичните вештини, како и забрзана дигитализација со користење на потенцијалите на вештачката интелигенција.”

Целиот разговор може да се погледне на YouTube каналот на Стопанската комора:

Можете да прочитате

Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес

ВИНОТО ДОНЕСЕ ДОБИВКА ОД 7,1 МИЛИОН ЕВРА: Една винарница е на врвот, а другите се далеку зад неа

Буџетот е стабилен, одговара Владата по обвинувањата од Филипче