Утрински Весник
Македонија

Тешко претепан маж во Тетово, со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје

Brza pomos itna pomos ambulanta.jpg

Син на командир во полициска станица Тетово вчера вечерта нападнал човек кој работи во тобако, јавува Инфомакс.

Според кажувањата на очевидци Ф.Д со стаклена флаша го удрил оштетениот по глава, а кратко потоа оштетениот е пројаден во дупка кај градежен објект со искршени нозе и сериозни повреди на главата.


Од СВР Тетово го потврдија настанот.

– На 15.10.2025 во 05:20 часот на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Д.(27) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал А.К.(42) од Тетово. Имено, А.К. е пронајден со повреди во ископана дупка од објект во изградба и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Ф.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

Можете да прочитате

МВР денеска ги тестира камерите за „Безбеден град“ во Куманово и Тетово

Приведени пет лица, возеле под дејство на алкохол, едно предизвикало и сообраќајна несреќа

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8