Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Атанасов: Мој приоритет се човечноста и вистинската грижа за сите граѓани на Гевгелија

557742186 122113589210994860 3813823337508278759 n.jpg
300x250 opst2

Во пресрет на локалните избори, 24инфо.мк направи кусо интервју со кандидатот за градоначалник на Гевгелија од редовите на СДСМ, Миле Атанасов

24Инфо: Кои беа вашите мотиви да се одлучите да се кандидирате за градоначалник на Гевгелија?


Атанасов: Дури и актуелниот градоначалник призна дека Гевгелија стагнира во неговиот мандат. Нашиот град веќе четири години живее во застој – со сомнителни тендери, уништен спорт, покачени даноци на имот и зголемени сметки за комунални услуги. Секојдневно ги среќавам разочараните граѓани кои се излажани и изманипулирани, но сè уште веруваат дека може подобро. Токму тие луѓе се мојата најголема мотивација. Прифатив да се кандидирам, на предлог на чесното членство на СДСМ, за да ја вратиме надежта, правичноста и развојот во Гевгелија – затоа што овој град заслужува да оди напред, а не да тапка во место.

24Инфо Што е она во вашата програма што е поразлично од понудата на останатите кандидати?

Атанасов: Мојот приоритет се човечноста и вистинската грижа за сите граѓани. СДСМ отсекогаш била државотворна партија што стои до народот – до работниците, земјоделците, пензионерите, младите и, најмногу, до социјално ранливите категории. Ако претходните градоначалници од СДСМ му дадоа нов лик на градот, мојата заложба ќе биде да му дадеме нов дух – хуман, правичен и солидарен.

Ќе изградиме нова станбена единица со 36 живеалишта за граѓаните без дом, ќе воведеме бесплатен оброк за секое дете, бесплатни градинки, ќе изградиме катна гаража и ќе го ревидираме нефункционалното зонско паркирање. Во исто време, ќе работиме на модерни паркови, заштита на културното наследство, нова спортска арена и пренаменување на Пионерскиот дом во современ мултимедијален центар.

Нашиот пристап е јасен – прво потребите на граѓаните, па потоа проектите. Гевгелија мора да се развива за сите, а не само за одбраните.

24Инфо: Како сте задоволни од досегашниот тек на кампањата и што очекувате од изборниот ден?

Атанасов: Кампањата се одвива токму така како што планиравме – лице в лице со граѓаните, ги слушаме нивните проблеми и приоритети. На изборниот ден ќе добиеме доверба, а од првиот ден на мандатот ќе започнеме да ја менуваме Гевгелија за сите, онака како што заслужуваат сите граѓани.

24Инфо: Што е она што прво би го реализирале како иден градоначалник на Гевгелија?

Атанасов: Нашите први чекори ќе бидат насочени кон граѓаните кои најмногу страдаат – оние што се борат со зголемената сиромаштија, растечките трошоци за живот и луѓето што остануваат без работа. Ќе донесеме одлуки за намалување на комуналните услуги и данокот на имот, воведување бесплатен оброк за секој ученик и бесплатни градинки за сите деца. Социјалната правда ќе биде нашиот водич – прво луѓето, нивните потреби и достоинство, а потоа проектите. Градоначалникот не е одделен од граѓаните – тој е со нив, го дели секој нивен предизвик и секој нивен сон за подобра иднина.

24Инфо Каква е ваша визија за следните четири години во Гевгелија?

Атанасов: Следните четири години ќе ја направиме Гевгелија град на дела, насмеани лица и среќни деца, каде секој граѓанин е згрижен, а секој што сака работа, ја наоѓа. Се бориме за нашиот дом и за европска Гевгелија – затоа што довербата на граѓаните се заслужува со конкретни дела, а не со празни зборови. Светската пандемија претходно одзеде речиси две години од мандатот на градоначалникот, но сега нема ништо што може да нè сопре. Гевгелија ќе биде град кој оди напред за сите, каде правдата, солидарноста и напредокот се темелите на секоја наша одлука.

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени