Утрински Весник
Македонија

Во Штип вечерва „Ѕвездено небо во чест на Панчо“

20251015143418 big 730x400 76.webp.webp

„Ѕвездено небо во чест на Панчо“, вечерва во 20 часот во Штип. Граѓаните ќе се соберат на Градскиот плоштад „Слобода“ за да му оддадат почит на Владимир Блажев – Панчо, кој вчера, по речиси седум месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, им подлегна на повредите и почина.

– Затоа, во негова чест, под отворено небо, Штип ќе застане во тишина и светлина за младиот човек кој зад себе остави неизбришлива трага меѓу пријателите, семејството и целата заедница. Настанот, организиран под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, претставува симболичен гест на благодарност и сеќавање – велат организаторите.


Повикот се шири масовно преку социјалните мрежи, со силна порака: „Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас.“

Организаторите ги повикуваат сите – и оние што го познаваа, и оние што сакаат да изразат сочувство, да дојдат и заеднички да го осветлат небото во негова чест.

Панчо е 63. жртва од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

Можете да прочитате

Намалена видливост поради магла на овие патни правци

Спектакуларно отворање во Гевгелија: ЏАМБО и ВЕРО станаа новата омилена дестинација во „Gevgelija Mall“

СДСМ: „Кучињата лаат караванот си врви“