
Во Секторот за внатрешни работи Велес во изминатото деноноќие евидентирани се три одделни случаи на физички напади, два врз малолетници и еден врз жена.

Како што денеска информира портпаролот Биљана Ѓаковска, во првиот случај бил пријавен вчера во 15:00 часот кога четириесет и пет годишната велешанка Р.К се пожалила дека на улица „Христо Татарчев“ во градот, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од шест малолетници.
Потоа во 19:45 часот во СВР Велес од страна на 33 годишната П.О. било пријавено дека на улица „Вера Циривири“ нејзината малолетна ќерка била физички нападната од 51 годишната Е.Р.
Два часа пред полноќ, бил пријавен и трет случај на физички напад од страна на 29 годишната велешанка Џ.О. Како што пишува во дневниот билтен таа пријавила дека на улица „8 Септември“ по кратка расправија била нападната од Н.Н.
Од СВР Велес информираат дека се превземаат мерки за расчистување на настаните.