Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Пензионерски домови достапни за сите и практично ршение за паркирањето во Скопје

20251015133105 big 730x400 8.webp.webp

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од коалицијата „Искуство за успех“, Александар Трајановски, денес го претстави архитектонскиот концепт за новите катни гаражи и пензионерскиот дом што ќе се гради на местото на постојните бараки на Град Скопје.

„Време е да се замени хаосот со ред. Новите катни гаражи ќе го ослободат јавниот простор, ќе овозможат уредено паркирање и современ систем со полначи за електрични возила,“ изјави Трајановски.


Меѓу двете гаражи ќе се изгради современ пензионерски дом со соодветна грижа, зелен покрив и пристапност за сите граѓани, еден од петте нови домови што се предвидени во програмата на Трајановски.

„Овие домови ќе бидат човечки и прифатливи за секој што има потреба од грижа. Градот Скопје ќе обезбеди субвенции за сместување, за граѓаните да не мора да плаќаат баснословни суми за достоинствена старост,“ истакна Трајановски.

Со овој проект, Трајановски најави нов модел на урбано и социјално уредување, кој ги поврзува инфраструктурните решенија со грижата за луѓето.

„Ова не е само проект за објекти, туку за луѓе. Скопје мора да се грижи и за младите и за старите – за секој што заслужува сигурност и достоинство,“ порача Трајановски.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Меџити: Секоја улица е важна, секое маало заслужува инвестиции

Во понеделник Општина Центар ќе врши вонредна дератизација