Утрински Весник
Македонија

Министерот Мисајловски во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана

2 2.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска во Седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

На состанокот министрите за одбрана се осврнаа на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдија определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни оваа година, особено во контекст на интензивниот развој на способностите и капацитетите, како  и во однос на инвестирањето во одбраната. Воедно, министрите се согласија  дека Алијансата и земјите-членки се целосно посветени на одбраната и одвраќањето, како и на заштитата на секоја педа сојузничка територија.


Министерот Мисајловски даде целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата, истакнувајќи ја важноста регионот на Западниот Балкан да остане мирен, стабилен и безбеден. Мисајловски порача дека нашата земја останува целосно посветена на придонесот кон колективната безбедност, имајќи го предвид придонесот во мисијата КФОР на Косово и учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија. Министерот пред колегите од земјите-членки порача дека македонската Армија засилено се опремува и модернизира, како и дека земјата има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и безбедноста, согласно одлуките од Самитот на НАТО во Хаг.

На состанокот на Советот НАТО – Украина, на кој учествува и Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас земјите членки на НАТО ќе ја потврдат определбата за континуирана, долгорочна поддршка за Украина.

Во рамки на денешните активности во Седиштето на НАТО, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанок на Контакт Групата за Украина.

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции