Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Oткриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари

Image 2025 10 15 115338708.png
300x250 opst2

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама” со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари.

Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки.


Делото е откриено при контроли извршени од страна на инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот е предаден на Одделението за истраги од каде против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.

Царинската управа ќе продолжи со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.

Можете да прочитате

Ина Многуфина саркастично за случајот Кузмановски: „Јака казнава“ – системот полн дупки!

Муцунски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Скопје

Последен поздрав за Панчо, погребот ќе се одржи на 16 октомври во Бутел