Утрински Весник
Македонија

Османи до Меџити: Срамно лажеш дека мојот покоен татко направил дивоградба, стотици милиони евра испумпавте со дивоградби

Bujar osmani 960x530 1.jpg

Откако Изет Меџити во вечерашната дебата го обвини Бујар Османи дека тој живеел во дивоградба, Османи јасно одговори дека ова е манипулација н а Меџити:

платено политичко рекламирање

„Ова манипулација во однос на дивоградбата и злоупотреба на мојот покоен татко кој денес не може да одговори на тоа прашање. Во однос на дивоградбите во Чаир, цела држава знае дека е тоа процес на организиран криминал, во кој што урбана мафиај во договор со општината ги заземале сите државни парцели, граделе, ги анитидатирале, односно правеле како да се градени пред 2011 година. Дури е изгорена и архивата. Тоа се стотици милиони евра исцрпени пари од граѓаните и тоа судот ќе си го докаже.”


Османи рече дека луѓето се измамени и живеат во кошмар без документи и сигурност за домовите. „Луѓето од зградата Титаник, која е диво изградена живеат во кошмар, во други згради станови се препродавани по неколку пати. Но на луѓето кои чесно си купиле станови ќе им помогнеме, но нова дивоградба никогаш повеќе нема да има”, рече Османи

Можете да прочитате

Намален бројот на заболени од грип

Раздор меѓу пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ?! Фотографиите отворија дилеми

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите