Утрински Весник
Македонија

„Реално“ со Марко и д-р Трајановски: Како што сум посветен на пациентите, така ќе се посветам и на Аеродром

Koskaaerodrom.jpg

Додека камапњата за локалните избори е во полн ек, додека се редат проектите и програмите на кандидатите за градоначалници, 24инфо.мк заедно со познатиот водител Марко Новески направи малку поинакви интервјуа со кандидатите за градоначалници.

Овој пат разговараме со дел од кандидатите за градоначалници на општина Аеродром а прв е кандидатот од редовите на СДСМ, Александар Трајановски – Коска.


Во интервјуто Трајановски открива дека ако не бил доктор, тогаш сигурно би бил спортски коментатор, нешто за што мечтаел во детството.

Одговарајќи на прашањето кои три работи прво би ги направил за Аеродром како иден градоначалник Трајановски одговара дека тоа ќе биде чистење, зазеленување и зголемување на безбедноста во општината.

Трајановски ветува и дека како иден градоначалник ќе биде посветен на општината, на сите граѓани, ќе биде отворен за различни мислења и сугестии без разлика од кој поединец или партија да доаѓаат.

Во следната епизода на „Реално“ со Марко гостува кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен ВД градоначалник, Дејан Митески.

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот