Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Мицкоски вели дека Кузмановски имал човечки момент на слабост

564600651 1411351440346778 4494214865100499491 n.jpg
Dik 300x250 mk

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, имал „момент на слабост“, откако на 10 октомври на социјалните мрежи се појави видео во кое тој во домашна атмосфера меша бела прашкаста материја во чинија, зборува со асоцијации за кокаин и разговара со друго лице.

„Ако е малце измешано, одма ти го враќам. Ќе ги фрлам, јас не можам со спид и амфетамини да шмркам бело, само ако не е добро. Сакаш да го пробаш и да кажеш дали е добро“, му вели Кузмановски на соговорникот во видеото кое предизвика бурни реакции во јавноста.


Министерот за здравство Азир Алиу, неколку часа по објавувањето на видеото, го разреши д-р Кузмановски од функцијата директор на Клиниката за неврологија. Алиу изјави дека Лекарската комора го известила дека на Кузмановски му била истечена лиценцата, а на прашање дали ќе му биде обновена или издадена нова, рече дека тоа е во надлежност на Комората.

„Тоа што се случи, се случи, и тука не треба да се враќаме назад. Инаку, кога ќе ја гледате биографијата на професорот и мој колега, ќе дојдете до заклучок дека има импозантна биографија која многу ретко се среќава, генерално зборувам, на Балканот. Тоа што на моменти на слабост имал поранешниот директор, претпоставувам дека ќе го следи во текот на неговиот живот, тоа е негова приватна работа. Ние како Влада, тоа што требаше да го направиме, го направивме и реагиравме веднаш откако оној нелегален материјал се појави на социјалните медиуми“, изјави Мицкоски по посетата на Клиниката за трауматологија.

Министерот Алиу вчера соопшти дека д-р Јован Божиновски е именуван за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија.

„Формирана е комисија од Министерството за здравство, побарав инспекциски надзор за работата на докторот. Се испитува во ‘Мој термин‘ дали во периодот од 15 март, кога му истекла лиценцата, до 8 август, кога станал директор, работел со пациенти. Случајот ќе го испитува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Повеќе од ова не можам да дадам информации“, рече министерот.

Можете да прочитате

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Мицкоски: Филипче и Заев имаат ист вирус, со рака на срце лажат, но за истиот има лек и тоа е народот

Активирани дронови на МВР, се трага по исчезната жена