
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, вчеравечер во телевизско гостување најави план за решавање на едно од, како што рече, најдискутираните и најпроблематични прашања во делот на Бит-пазар, а тоа е пешачкиот премин што ги спојува страните на булеварот, од страната на поликлиниката и од страната на пазарот.

„Се уште не сум го промовирал ова јавно, но ќе кажам оти претходниот проект со изградба на надвозник или мост не ги даде очекуваните резултати, бидејќи граѓаните не го користат. Човечката психологија е таква што не сака ниту надвозник, ниту подвозник. Дури и еснафите од Чаршијата велат дека продавниците со неколку скалила не вредат за оние што се на рамно ниво“,вели Меџити.
Затоа, конечно речение според него, е да се отстрани постоечкиот надвозник и да се изгради официјален пешачки премин со семафори.
„Општината Чаир не даде пари за изградба на тој мост. Направен е во замена за рекламен простор со една компанија, а општината немаше никаква финасиска обврска. Затоа, најдобро решение е да се сруши мостот и на тоа место да се изгради официјален пешачки премин со семафори“кажа тој.
Посочи дека на пазарџиите им предложил на надвозникот да се постават и лифтови, но вели дека за нив, тоа било расипничка инвестиција, бидејќи немало да го користат.