Утрински Весник
Македонија

ОЈО нареди обдукција на телото на Панчо

Panco151.jpg

Јавното обвинителство соопшти дека ќе издаде наредба за обдукција на телото на пејачот Владимир Блажев Панчо кој почина утрово

„Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштуваат од Обвинителството.


Панчо неколку месеци се лекуваше од тешките повреди здобиени во пожарот во „Пулс“ во една од приватните болници во Скопје, а беше опфатен во истрагата како еден од осомничените но поради здравствената состојба постапката за него беше времено запрена.

Панчо почина утрово на 46 годишна возраст како последица од повредени добиени во пожарот и по комплицирање на неговата состојба.

Можете да прочитате

Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Тошковски: МВР ќе постапи во согласност со надлежностите за случајот со бараните македонски државјани од ФБИ

Ужас во Штип: Мртво новороденче донесено во болницата