Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Шукова: Јавните претпријатија да им служат на граѓаните, а не на партиите

Shukova 14.10.jpeg
Dik 300x250 mk

Соопштение за јавност на СДСМ:

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска од седиштето на СДСМ изјави дека реформата на јавните претпријатија ќе биде нејзин врвен приоритет, затоа што токму тие се основата за функционален, уреден и хуман град. Таа оцени дека Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособно раководство. „Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат несобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура”, истакна Шукова.


Таа најави дека во администрацијата на Град Скопје ќе спроведе вистинска реформа, со цел јавните претпријатија конечно да им служат на луѓето, а не на партиите. Според неа, ЈСП ќе се модернизира со нови еколошки автобуси, електронски систем за наплата и воспоставување на брз автобуски транзит, со што ќе се врати довербата во јавниот превоз. Комунална хигиена, рече таа, ќе се ревитализира со современ центар за селекција и рециклажа, редовно собирање отпад и конечно решавање на Вардариште.

„Во Паркови и зеленило ќе започне нова ера – ќе засадиме 10.000 дрвја и ќе изградиме 15 нови паркови во 15 месеци, со редовно одржување и враќање на зеленилото во маалата. Водоводот ќе го насочиме кон стабилно снабдување, модерна опрема и намалени загуби на вода, а ЈП Лајка ќе го развиеме во вистински хуман систем за згрижување и грижа за уличните животни”, додаде Шукова.

Таа порача дека Скопје мора повторно да стане град што работи и се грижи за своите жители. „Време е институциите да му служат на граѓанинот, а не на партијата,” нагласи Шукова.

Можете да прочитате

Меџити на средбата со СКСЗМ: Партнерството меѓу општините и бизнис секторот е клучот за економски развој

Марковски: Магацините на „Славија“ можат да прераснат во простори за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Митовски: Најавувам ред и сообраќајна револуција во Гази Баба, три нови кружни текови