Утрински Весник
Македонија

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Aliu minister za zdravstvo.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која тој меша бела прашката материја и кажува дека зема исклучиво со „чисто бело“. Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква законска обврска може да се вметне во некој од 12 здравствени закони кои се менуваат во овој момент.

„Правно не знам дали тоа може да се дефинира. Јас би сакал, како министер за здравство, да има таков член во законот, но да ви кажам во кој закон и дали тоа може да се формулира не би сакал кога не сум сигурен. Јас лично би сакал да имаме уште една институција која што ќе го проверува и тој момент, покрај стручноста“, рече министерот Алиу.


Сега веќе разрешениот директор на Клиниката за неврологија Кузмановски, од март годинава работел со истечена лиценца. Министерот Алиу најави дека неколку комисии, покрај Лекарската комора и Државниот санитарен и здравствен инспекторат работат  на утврдување на тоа дали и какви прегледи правел Кузмановски во периодот додека бил без лиценца.

Иако не е сигурен дали токсиколошките анализи може да станат законска обврска, министерот Алиу најави дека ќе побара во „Мој термин“ да се вметне рокот на лиценцата на лекарите и системот да им забранува логирање во моментот кога ќе им истече важноста на лиценцата.

Алиу извести дека на местото на разрешениот Кузмановски, за вршител на должност го назначил Јован Божиновски, специјалист невролог и асистент на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој, пак, рече дека на негова иницијатива на Клиниката ќе се формираат две интерни комисии со кои ќе се иницира внатрешен стручен надзор на работата на разрешениот директор во последните 12 месеци.

Можете да прочитате

СДСМ: Дефокус – старата политика од кујните на ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Нова сила, а всушност стари лица на Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС

Кривични пријави за „измама“ и „давање лажен исказ“, изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени