Утрински Весник
Македонија

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

Policija 960x625 0 0 1.jpg

Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од  нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка.Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик.


Можете да прочитате

Ердоган им подари револвери на лидерите на НАТО – Силјановска нема да го користи подарокот

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип пријавиле труење со храна

Албанската полиција: Лицето од ВЛЕН не беше вратено поради дипломатија, туку поради законски пречки