Утрински Весник
Свет

Трамп: Светата земја конечно е во мир

20251013140228 big 730x400 68.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа говор во Кнесетот за што рече дека тоа е „голема чест“.

Трамп нагласи дека овој ден е ден за благодарност кон „семоќниот Бог на Аврам, Исак и Јаков“.


– Денеска небото е мирно, пушките молчат, сирените се тивки, и сонцето изгрева над Светата земја која конечно е во мир – рече Трамп, откако ја пофали храброста на 20-те живи заложници кои денеска се вратија кај своите семејства.

Тој изрази надеж дека „регионот засекогаш ќе живее во мир“.

Ова не е само крај на војната, рече тој, „туку и крај на едно доба на терор и смрт, и почеток на доба на вера, надеж и Бог.“

– Ова е почеток на ера на хармонија за Израел и земјите од регионот. Ова е историската зора на новиот Блиски Исток – рече Трамп.

Американскиот претседател ја пофали „големата храброст и патриотизам“ на премиерот Бенјамин Нетанјаху велејќи дека „неговото партнерство многу придонесе за да биде можен овој ден.“

Тој го замоли Нетанјаху да стане, додека присутните аплаудираа.

– И да знаете, не е лесен човек, морам да ви кажам. Не е најлесен за соработка. Но токму тоа го прави голем … Ти благодарам многу, Биби. Одлична работа – рече Трамп.

Тој им се заблагодари на арапските и муслиманските земји кои извршиле притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците што ги држеше, нарекувајќи го тоа „неверојатен триумф за Израел – што сите овие нации работат заедно како партнери во мирот“.

– Ова ќе се запамети како моментот кога сè почна да се менува. Ова ќе биде златното доба на Израел и златното доба на Блискиот Исток – рече американскиот претседател.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд