Утрински Весник
Македонија

Мојсоска: Стружани се трујат од запален јаглен во рудникот Пискупштина

Img 20251013 133719 339.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

,,Деновиве гори рудникот за јаглен Пискупштина и го труе околното население со канцероген воздух.

Иако жителите неколку дена алармираат за оваа еколошка катастрофа, ниту една институција не се одважи да реагира. Со овој рудник стопанисува приватен концесионер од Скопје уште од 2013 година, но периодов состојбата е алармантна заради натоложениот ископан јаглен кој лесно се пали.


Од информациите кои успеав да ги добијам, перидов државните институции не го откупуваат ископот на јаглен од рудникот во Пискупштина, додека концесионерот продолжува да врши ископ.

Како да не е доволно што Стружани се трујат од дивата депонија (која е еколошка бомба во центарот на градот), периодов се принудени да дишат и токсични материи од запален јаглен.

Додека главниот фокус на министрите единствено е владината кампања, ги повикувам инспекторатите под Министерство за животна средина и Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини да излезат на терен и да констатираат одговорност за оваа еколошка хаварија.”

Можете да прочитате

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“

Мицкоски: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

Собранието го усвои Законот за средно полициско училиште