Утрински Весник
Македонија

Левица: Фатени на дело – Трајчевски од АВМУ и Бичиклиски на Мицкоски пред Белата палата

Fb img 1760352648147.jpg

,,Подлизуркото на ,Мицика’ – вечниот директор на ,независната’ Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, сликан пред Белата Палата (седиштето на ВМРО-ДПМНЕ) со вмровскиот PR – стратег Бичиклиски! Вака ли ја договарате цензурата врз Левица?”, напиша денес во свој статус на социјалните мрежи, претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, поткрепувајќи го искажаното со фотографија на која јасно се гледаат Трајчевски и Бичиклиски, во разговор пред седиштето на Дпмне.

Ова е еден од доказите со кои Левица ја открива пред јавноста старо-новата врска помеѓу Зоран Трајчевски и ВМРО-ДПМНЕ.


Со овој статус, Апасиев посочува на тоа дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ја нарушуваат независноста на медиумите во Македонија. 

Според Апасиев, сликата на Зоран Трајчевски, долгогодишен директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заедно со еден од водечките PR – стратези на ВМРО-ДПМНЕ, Бичиклиски, пред седиштето на оваа партија, открива нови детали за блискоста на оваа институција со партиските интереси.

„Дали ова е доказ за нова форма на политичка и медиумска цензура во земјава? Дали овој состанок има за цел да го поттикне и зајакне притисокот врз Левица и нашите активности?”, прашуваат од Левица.

„Директните удари против Левица со медиумската цензура од страна на власта и притисоците се сè позабележителни, но ние нема да дозволиме да се замолчат нашите ставови и идеи, затоа што народот е на наша страна”, велат од Левица.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа