Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Ина реагираше на поддршката од група лекари за неврологот Кузмановски: „Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците

Screenshot 2025 10 10 192514 890x500 1.png
Img 7972

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, вчера во објава на Фејсбук, реагираше на случајот со разрешениот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, за кого на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, а за колегите од Клиниката за неврологија преку писмо изразуваат поддршка.

„Колегите на докторот очекувано е да дадат поддршка, колеги се. Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците и да ги заштити од доктори кои користат супстанци. По ред скандали од вадење органи, лекарски грешки и разни трагедии, прв пат имаме црно на бело ама поише накај бело, човек кој конзумира дрога. Не му е место во јавно здравство, тука дискусија нема. Дали воопшто треба да прегледува нека се собере фелата и да процени. Ко ќе проценува треба да земе предвид дека ваквите поединци фрлаат сенка на целата фела“, пишува Ина во нејзината Фејсбук објава.


Таа вели дека меѓу докторите има добри, чесни и посветени луѓе.

„Не може да ги ставиме во ист кош со оние што дрога, швалерај и мито им е заштитен знак. Тоа што бараме е една достоинствена здравствена услуга во јавното здравство каде нема да се сомневаме во проценката на докторот што не прегледал нас или наш близок. Разбирам дека докторите се држат и си чуваат грб, но за овој случај не е баш така, поделени се мислењата и се оградуваат. Така да тој тугедрнес од колегите не е баш дека е многуброен, со оглед на тоа што не се потпишани. Но, нивно право е тоа да се другарчиња. Овој народ не заслужува да го оставиме да го прегледува човек кој гледаме дека е корисник бидејќи вреди секој човечки живот“, вели инфлуенсерката.

Таа исто така посочува дека доколку ни го остават во здравство и одат на манифестацијата на моќ од типот на, како што вели, “сложни калуѓерки и во петок мрсат” тоа ќе значи дека само директорската фотеља е битна да не се испрља, судбината на пациентите е недоволно битна поточно споредна.

„Не мислам дека треба да се гледа политички, буквално не постои ниеден политичар што ќе стави рака во оган за корисник што му носи штета во време на избори. Мене ако ме прашате, јас ќе му ги пратев господата од ентеше да видат што друго има во фиоката. Но, еве да се држиме до сегашната ситуација, дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога? Не. Дали треба да летаат од работа сите што користат дрога, а работат со човечки животи? Да, до еден. И секој обид да ни протнат дека ако ги избркаме ќе останеме без доктори ќе биде обид да нормализираме корисници и зависници, што е обратно од законот. Освен ако не планираме да легализираме, а не планираме. Лекарска утре ќе има можност да биде од страна на осигурениците и на образот на медицинските чесни работници, порача Ина.

Можете да прочитате

Денеска се празнува Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски

Одличен ден за финансиски одлуки и преговори: Дневен хороскоп (13.10.2025)

Железничка станица среде станбена зграда