Утрински Весник
Македонија

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците

Radovish5.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р  Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом” во Радовиш силно ја нападна Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека земјоделството го доведе до распад, а трудот на земјоделците целосно го обезвредни. Тој укажа на катастрофалната состојба во која се наоѓа земјоделството, особено во делот на ниските  откупни цени и укинувањето на поддршката. 


„Промовираа некакви проекти за развој на земјоделството, а во реалноста ги скратија субвенциите и го обезвреднија трудот на земјоделецот. Откупните цени никогаш не биле пониски, во услови кога трошоците за производство и за репроматеријали секојдневно растат”, истакна Филипче. 

На трибината, Филипче додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, наместо да понуди решенија, им го сврте грбот на земјоделците и креираше хаос во секторот кој треба да биде еден од главните двигатели на економијата.

„Видовме во најтешките кризи што значи да се има домашно земјоделско производство и зошто е потребна поддршка на земјоделците. Ама за ВМРО-ДПМНЕ тоа не е важно, го доведоа земјоделството до распад. ВМРО-ДПМНЕ ги фаворизира големите компании, како и во сите други сектори, а при тоа за вистинските земјоделци нема слух и ги остави без поддршка”, рече Филипче.  

Во обраќањето Филипче посочи дека секоја земјоделска гранка е погодена од лошите политики на власта. 

„Гледате што се случува со откупот на пиперката ајварка, ветуваа 45 денари по килограм, а денес цената е понижувачки 20 денари. Видовме што им направија на лозарите, го одбија нашиот предлог за 3 денари дополнителна поддршка”, рече Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, додавајќи дека СДСМ секогаш носеше правилни мерки во интерес на земјоделците и развој на земјоделството.

Можете да прочитате

„Отворен ден со Царинската управа” во Куманово: околу илјада посетители се запознаа одблизу со оперативното работење на Мобилна Царина

Малолетник удрен од автомобил во Скопје

Сопругата на Мицкоски, Рози, на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: