Утрински Весник
Свет
Img 7972

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник

Gaza izraelska vojska.jpg
300x250 opst2

Израелските власти ги информирале семејствата на заложниците дека очекуваат ослободувањето на заложниците да започне утре, помеѓу четири и шест часот наутро, но дека времето сепак може да се промени, дознава „Тајмс оф Израел“.

Израел ќе биде известен од Црвениот крст два часа пред ослободувањето на заложниците.


Шош Бедросијан, портпаролка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, претходно изјави дека ослободувањето на заложниците што ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа ќе започне рано утре наутро.

Таа рече дека се очекува сите 20 живи заложници да бидат ослободени заедно, во исто време, објави NBC.

Бедросијан, исто така, рече дека Израел очекува Хамас да ги предаде сите 20 преживеани заложници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст рано наутро во понеделник, во согласност со условите од договорот за прекин на огнот со Хамас.

Заложниците ќе бидат евакуирани од Газа и повторно обединети со нивните семејства пред да бидат префрлени во една од трите болници што се подготвени да ги примат на лекување, рече Бедросијан, додавајќи дека Израел е подготвен и да ги прими телата на 28-те починати заложници.

Бедросијан нагласи дека Израел нема да започне со ослободување на палестинските затвореници, кои треба да бидат ослободени во замена за ослободување на заложниците во Газа, сè додека не добие потврда дека сите затвореници, живи и мртви, се вратени во земјата.

„Палестинските затвореници чие ослободување е планирано со размената ќе бидат ослободени кога Израел ќе добие потврда дека сите наши заложници, чие ослободување е планирано за утре, ја преминале границата со Израел“, рече Бедросијан.

Таа додаде дека кога Израел ќе ја добие оваа потврда, затворениците веќе ќе бидат во автобуси и дека ќе се упатат кон Појасот Газа кога ќе пристигне последователна потврда дека заложниците на палестинската група Хамас влегле на израелска територија.

Од Палестинците што треба да бидат ослободени, 250 беа уапсени „од безбедносни причини“ и осудени за антиизраелски напади, додека во тек се планови за ослободување на 1.700 Палестинци кои беа уапсени од израелската армија во Газа од почетокот на војната.

Можете да прочитате

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата