Утрински Весник
Македонија

Синдикат на полицијата протестира поради неетички изјави на обвинители во истрагата за пожарот во „Пулс“

Protest policija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Денеска, Независниот синдикат на полицијата организираше протест изразувајќи револт кон Јавното обвинителство поради начинот на кој се постапува со полицајците осомничени за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој трагично загинаа 62 млади лица.

Претседателот на синдикатот, Мартин Ефремов, на протестот истакна дека нивните колеги кои се под истрага заслужуваат да бидат третирани со почит, а не да бидат изложени на неприфатливи напади и дискриминација. Тој побара јавно објавување на распитите за осомничените полицајци, бидејќи, како што рече, важно е да се види каков е односот на Обвинителството кон полицајците кои се обвинети.


Ефремов во своето обраќање сподели шокантни детали за еден случај кога обвинител се обратил до полициски службеник со несоодветни зборови: „Ако вие бевте невини, требаше да изгорите во трагедијата во Кочани“. Според него, вакви изјави се неприфатливи и ако еден полициски службеник се обрати на граѓанин со слични зборови, би се соочил со сериозни последици, вклучувајќи и затвор.

Синдикатот на полицијата бара правична и транспарентна истрага, а не политички и морално неприфатливо постапување кон нивните членови.

Можете да прочитате

Кривична за пет лица, физички нападнале 19-годишна девојка

Николоски: Се работи на нов просторен план на Македонија, стратешки документ за развој на државата

Загина 48-годишен возач, излетал од патот Кочани- Виница