Утрински Весник
Македонија

Загина 26-годишник од гостиварско Форино, со возилото излетал од патот

Policija.webp.webp

На 11.10.2025 во 13:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на локалниот пат с.Чегране-с.Корито,  гостиварско, патничко возило „фолксваген голф”, управувано од Л.М.(26) од с.Форино, гостиварско, излетало од патот.

Од здобиените повреди, возачот починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.


Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар и јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување