Утрински Весник
Скопје

Трајановски: Аеродром – дом на шампиони

Img 1699.jpeg

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром

Спортот отсекогаш бил важен дел од животот во нашата општина. Тој нè учи на дисциплина, фер-плеј и заедништво.


Голема гордост на Аеродром е нашиот МЗТ Скопје. Овој клуб е симбол на посветеност, успех и упорност, и претставува нешто повеќе од спорт, тој е дел од нашиот локален идентитет.

Како градоначалник, ќе направам МЗТ да има силна институционална поддршка од општината, за да продолжи да расте, да се развива и да ги радува генерациите што израснаа со љубов кон кошарката. Ќе ја вратиме младинската школа од каде што ќе излегуваат повторно новите млади таленти од Аеродром и МЗТ. И конечно да го вратиме МЗТ во Јадранската прва лига, таму каде што му е местото.

Истовремено ќе даваме значајна поддршка и кон ФК Аеродром и сите клубови на територија на општина Аеродром.

Ќе вложуваме во младите и во спортската инфраструктура.

Ќе изградиме нови игралишта, ќе ги обновиме постојните терени и ќе овозможиме подобри услови за училишниот и младинскиот спорт.

Сакаме секое дете во Аеродром да има можност да тренира, да се развива и да сонува за големи спортски успеси.

Можете да прочитате

Две угинати кучиња во Кисела Вода, сомнеж за намерно труење

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

Утре, традиционален планинарски марш на Водно