Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Манасиевски: Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче

Manasievski.jpg
Img 7972

Прес-конференција на Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ:

Властa на СДС плаќала 2,5 пати повеќе на Марковски Компани, 4.000 денари за еден час ископ, а само пред една година 1.500. Кога велиме дека криминалот на Марковски Компани и СДС се гледа од авион, токму  на ова мислиме.


Имено, на 17.07.2024 година, РЕК Битола склучува договор од 208 милиони денари за ремонтни активности во комбинатот, а цената за 1 час такви активности е 3.947 денари. Ист ваков договор Марковски Компани имал и претходната година, но тогаш чинел 1.516 денари час за ремонтни активности.

Доколку РЕК Битола не го местеле тендерот за Марковски Компани и останела цената од 2023, или истата за малку се покачела, државата ќе заштедела 90 милиони денари. И тоа е само од еден тендер.

90 милиони денари е разликата во цени од 2024 во однос на 2023. Ако се земе предвид дека и во 2023 година Марковски Компани не работела со загуба, туку со профит, се доаѓа до очигледниот заклучок дека овие 90 милиони денари завршиле на нечии приватни сметки.

Дали овие 90 милиони денари завршиле кај Заев и Филипче, па сега така здушно го бранат преку свои судии и инсталации во судството газдата на Марковски Компани од притвор?

Грабежот кој Марковски Компани го направил во РЕК и ЕСМ не е можен без врвот на власта на СДС. А за тоа ќе зборуваме и во наредните денови.

Стотици милиони евра народни пари се испумпани преку Марковски Компани. Газдата на фирмата, кој сега СДС го штити преку своите судии, мора да каже каде завршиле овие огромни милиони. СДС не може вечно да бега. Одговорност ќе има.

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка на патот Штип – Велес, еден загинат, еден тешко повреден

ВМРО-ДПМНЕ: Со неосудувањето на Тричковски, Филипче покажа дека не само што не е различен, туку е прототип на деструкцијата која ја пропагира СДС

Поради сообраќајка прекинат сообраќајот на експресниот пат Штип – Велес