
На 11.10.2025 во 16:45 часот на патот Штип – Кочани, кај с.Крупиште, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.К.(57) од Штип. При контрола на сообраќајот со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 91 километар на час на место каде што брзината е ограничена на 40 километри на час.
На 11.10.2025 во 14:49 часот на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода А.А.(42) од Скопје. При контрола со радар, полициските службеници констатирале дека во населено место управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 106 километри на час на место каде што брзината е ограничена со знак на 50 километри на час.
На 11.10.2025 во 14:48 часот на патот Тетово – Гостивар, кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Ф.Т.(36) од Скопје. При контрола со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 151 километар на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
На 11.10.2025 во 17:20 часот на патот Тетово – Гостивар, кај наплатна рампа Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Х.С.(31) од с.Речане, гостиварско. При контрола со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
На 11.10.2025 во 16.35 часот на патот Куманово – Крива Паланка, во с.Гиновце, кривопаланечко, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Д.М.(23) од с.Ранковце. При контрола во сообраќајот со радар, полициски те службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 118 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.