Утрински Весник
Скопје

Каја Шукова и кандидатите за советници ја презентираа програмата пред жителите на Скопје

Kaja skopje sdsm 7.jpeg

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатите за советници, денеска ја презентираа предизборната програма и разговараа со жителите на главниот град.

Во непосредна комуникација со граѓаните, Шукова ги претстави клучните приоритети од програмата враќање на функционалноста на градските системи, намалување на загадувањето, модернизација на јавниот превоз и подобрување на услугите што граѓаните ги добиваат од градот.


„Скопјани заслужуваат град што функционира, чист воздух, редовно собирање отпад, ефикасен превоз и вистинска грижа за секој дел од градот,” изјави Шукова, нагласувајќи дека програмата на СДСМ нуди реални и брзи решенија кои можат веднаш да се спроведат.

Граѓаните изразија интерес за предложените мерки, особено за проектите што се однесуваат на зелените зони, јавниот превоз и подобрување на инфраструктурата.

„Овие средби се најдобар начин да ги чуеме граѓаните и заедно да го вратиме Скопје на вистинскиот пат,” порача Шукова.

Можете да прочитате

На Плоштадот „Македонија“ граѓаните имаа можност да учат за првата помош од обучени тимови на Црвен крст, МВР и АРМ

Бесплатни анонимни групи за жени жртви на семејно насилство, жителки на Карпош

„Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“, проект на општина Карпош