Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Пендаровски: Никогаш не постоел план за враќање на Груевски, човекот кој „го извади муабетот“ е од ВЛЕН

Stevo pendarovski intervju 28 07 2022.jpg
Img 7972

Човекот кој го извади муабетот за „евентуално враќање на Груевски“ моментално мислам дека е некој директор на претпријатие на локално ниво, нема никаква постапка, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

„Се случи со директно учество на еден припадник на кабинетот, кој беше по програмата за Рамковен договор вработен во Парламентот, кој беше припадник на огнената група на Изет. Ние го пријавивме случајот, дојдоа од МВР, најавија поднесување на пријави, а човекот си замина од кабинет, директор е на јавно претпријатие на локално ниво и нема никаква постапка.


Десет дена после таа средба ние имавме нова средба со Американската амбасадорка, на иста тема, но „кај амбасадорката“. Инаку еден од учесниците спомнува дека можеби би требало да се врати Груевски, никој не го прифаќа тој муабет. Не знам дали некој разговарал со Груевски, но тој има две правосилни пресуди и да се врати треба да биде помилуван, јас тоа веднаш го одбив и уште на состанокот кажав, јас не сум Ѓорѓи Иванов“, објасни претседателот Пендаровски.

Можете да прочитате

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Филипче: Во Тетово се газат државните симболи, а Владата молчи, тоа е лицемерието на ДПМНЕ

Филипче: Нашите корени се во АСНОМ, СДСМ е наследник на највозвишениот дел од македонската историја