Утрински Весник
Македонија

Уште малку ќе имаме потопло време, а следната седмица ново заладување

Ecmwf model 768x384 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Според она што во моментов го цртаат прогностичките материјали, односно Европскиот модел за среднорочна прогноза (ECMWF) по релативно пријатно топлиот викенд и малку повисоките температури кои ќе ги имаме преку ден, веќе во текот на следната седмица ќе имаме температури кои повторно ќе бидат претежно потпросечни за месец октомври, тоа значи дека очекувам нов продор на поладен воздух од исток и од свероисток кој ќе услови нов пад на температурите на воздухот.


На метеоролошката карта може да видиме дека цела југоисточна Европа во текот на следната седмица ќе има поладно време од вообичаеното за месец октомври. И покрај ова, најголем дел од Балканот ќе има релативно суво време без некои значителни врнежи. Релативно суво време барем одсега гледано во текот на следната седмица ќе имаме  и во нашата Република Македонија.

Можете да прочитате

Вишиот управен суд ја врати концесијата за Иловица

Детската клиника бележи најдобри резултати во историјата – најниска смртност од 2009 година

Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември”