Утрински Весник
Скопје

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

Image 2025 10 10 200152840.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом” во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција.

„Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го следев и како работеше во сите изминати години за општината. Па, човекот и нашите партиски другари кои се без функција во општината имаат повеќе сработено од градоначалникот. Имаат повеќе искосено, повеќе клупи поправено, повеќе корпи за отпадоци поставено отколку ВМРО-ДПМНЕ и нивниот неспособен градоначалник. За овие луѓе не требаат зборови и ветувања, доволно е да ги видите нивните дела и знаете дека се вистинскиот избор. Тие веќе докажаа како знаат да работат, колку ја сакаат општината и граѓаните и каква граѓанска одговорност имаат”, рече Филипче.


Притоа, тој потсети на проектите кои Владата на СДСМ ги реализираше во Ѓорче Петров, а тоа се: нова детска градинка во Волково, модернизирање на системот за јавно осветлување, уредување на зелената срцевина на Ѓорче корзото, новиот изглед на улиците во Ѓорче, Волково, Кисела Јабука, Александрија, Орман и Кучково за овој континуитет после четири годишниот застој Филипче побара масовна поддршка од Ѓорче Петров.

„Сега е потребна борба. Има уште седум дена до изборниот молк. Седум дена во кои барам секој еден од вас да го вложи секој атом енергија и да ги промовира нашите добри кандидати и политики. На овие избори СДСМ излезе со чесна понуда. Со луѓе кои докажано знаат и умеат, луѓе кои се од народот и ќе работат за народот, луѓе кои нема да се затворат во своите кабинети откако ќе ги изберете. Понудивме луѓе кои секојдневно ќе ги гледате на улиците како го прават Ѓорче подобро и поубаво место за живеење токму како што и сега го прават”, порача Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Можете да прочитате

ЈСП: Заверката на билетите за возрасни лица може да се направи во сите центри за персонализација

Ѓорѓиевски повторно избран за претседател на ЗЕЛС

Поранешниот директорот на ,,Комунална хигиена” обвинет за загрозување на животната средина