Утрински Весник
Свет

Неколку луѓе загинаа при експлозија во воена фабрика во САД

20251010194438 big 730x400 95.webp.webp

Неколкумина загинаа, а најмалку 12 се водат за исчезнати во експлозијата што денеска се случи во воениот објект за производство на експлозиви во американската сојузна држава Тенеси.

Според локалните власти, детонацијата ги потресе околните куќи и предизвика серија помали експлозии.


Голем број служби за итни случаи се на терен за да ја проценат штетата и да го изгаснат пожарот. Поради опасноста од секундарни експлозии, спасувачите засега остануваат на безбедно растојание од епицентарот.

Објектот, во сопственост на „Акјурет енерџетик системс, ЛЛЦ“ (Accurate Energetic Systems, LLC), се наоѓа на границата на окрузите Хикман и Хамфрис, околу еден час возење југозападно од Нешвил. Компанијата е специјализирана за производство на воени експлозиви. 

Можете да прочитате

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху