
Кога премиерот Мицкоски ќе каже на митинг дека економијата успева, погледнете во вашите фактури. Без неговите розови очила тоа да го гледате и да му кажете-премиере индустријата ти паѓа за 3,5 отсто, преработувачкиот сектор за 1,4 отсто, инфлација околу 4 отсто, 1,8 милијарди долг за 13 месеци и ефект нула на вашите трошоци, 250 милиони евра ветени за стопанството од унгарскиот кредит-ефект нула, освен неколкуте фирми кои виделе ефект од тоа, истакна пратеникот од СДСМ и поранешен вицепремиер за економскин прашања, Фатмир Битиќи на денешната средба со стопанственици од Струмица, која се одржа во рамки на предизборната кампања на локалните избори.
Тој додаде дека на овие избори пораката со гласањето не е да го поддржите СДСМ, туку пораката е дека го знаете вистинскиот избор за човек за кој знае да се грижи на локално ниво, но и да се прати пораката на национално ниво дека го утнале патот, дека нивниот пат не води никаде, носи во провалија.
-Сметам дека улогата на општината е да биде сидро на предвиливост, кога централната власт ја губи контролата врз економската активност, општината, од друга страна, мора да биде прецизна и јасна во својот однос кон бизнис заедницата. Како тоа се прави-со градење на доверба. И таа е првата обврска кон локалната економија-да се обезбеди средина во која секој производител, праработувач, инвеститор знае каде е, порача Битиќи.
Посочи дека локалните избори се токму за ова, за да се избере правата насока на локалната економија, во која општината ќе биде рамка за ред и стабилност, а не простор за импровизација, каде што локалната економија има простор да расте со додадена вредност, а не да тапка во место.