Утрински Весник
Скопје

СДСМ Аеродром: Злоупотребен профилот на основно училиште во општина Аеродром за политичка кампања, МОН и ДИК да реагираат

Sdsm 1.jpeg

СДСМ Аеродром остро реагира на скандалозниот чин во кој основното училиште „Браќа Миладиновци” сподели видео-спот од политичка кампања за локалните избори.

Ова претставува директно прекршување на законите, принципите на непристрасност и професионалност, и претставува срамно партизирање на јавните институции.


Училиштата се место за образование, воспитување и градење на вредности, а не алатка за партиска промоција.

Злоупотребата на училишните профили и, уште полошо, можната злоупотреба на деца во политичка кампања е крајно недозволива и опасна.

Бараме итна реакција од Министерството за образование и наука и од Државната изборна комисија.

СДСМ Аеродром ќе поднесе соодветна пријава до надлежните институции за да се утврди одговорноста и да се санкционира овој обид за партизирање на образовниот систем.

Јавните институции се на граѓаните, не на партиите. Ќе се спротивставиме на секој обид децата и училиштата да се користат како средство за политичка пропаганда.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: Нема да дозволиме уништување на игралиштата и јавното добро

Герасимовски: Времеплов низ срцето на Скопје, запознајте ја  историјата, културата и архитектурата на Центар

Општина Гази Баба најави повеќе од 60 проекти за ова лето