Утрински Весник
Скопје
Img 7972

Јакимовски: Решаваме стар проблем со нови решенија – нова водоводна мрежа во Влае!

Stevco jakimovski 2.png
Img 7972

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош и актуелен градоначалник, Стечво Јакимовски, објави видео во кое присуствува на замена на стара водоводна линија во Влае со нова.

„Во Влае се заменува една од најстарите водоводни линии, поставена уште во шеесеттите години. Цевки што со децении минуваа под куќи и дворови, сега се заменуваат со нова, безбедна и трајна водоводна мрежа.


Ова не е само обична интервенција – ова е сериозна инвестиција во секој дом, во сигурноста и квалитетот на живот на жителите на Влае. Наместо ризик од пукнати цевки и поплави, Влае добива сигурно и стабилно водоснабдување, какво што заслужува.

Работиме по план, прецизно и без задоцнување. Карпош не се гради само над земја – се гради и под неа, со вистински инфраструктурни решенија што траат.

Браво за мајсторите и инженерите кои ја спроведуваат оваа инвестиција — без врева, без политика, со многу работа и посветеност.“ – пишува во објавата на Јакимовски.

Можете да прочитате

Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

Ацевски: Ѓорче е уништено од бетонизација, време е да ставиме крај

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ