Утрински Весник
Македонија

Двајца уапсени по тепачка пред ресторанот „Дукат“ во Капиштец

Img 8813.jpeg

Вечерва околу 20 часот пред ресторанот „Дукат“ во скопската населба Капиштец се случила тепачка во која учествувале неколку лица. Инцидентот се одвил на паркингот пред локалот, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, по што на местото веднаш интервенирале повеќе полициски екипи како то пишуваше 24инфо.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија за 24 Инфо дека случајот е пријавен во 20 часот во СВР Скопје.


„Во СВР Скопје вечерва во 20 часот е пријавено нарушување на јавниот ред и мир на паркингот пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов. По интервенцијата на полициски службеници, лишени од слобода се две лица,“ соопштија од МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за инцидентот.

Можете да прочитате

Меџити до Димитриевски: Ако му пречи албанскиот јазик, нека ја напушти градоначалничката функција

Герила-акција пред МРТ по интервјуто на Изет Меџити, поставени симболични банкноти од 10.000 евра

Девет возила и 22 пожарникари интервенираа кај Бит-пазар, зафатени три куќи