Утрински Весник
Балкан

Хрватска се понуди да ја купи Нафтената индустрија на Србија

Nis naftna industrija srbije gasprom.jpg

Хрватска е подготвена да ја откупи српската нафтена корпорација НИС, објави хрватскиот министер за стопанство Анте Шушњар, според информациите на регионалната телевизија Н1.

“Нашата рака е подадена – ако тоа е решението, подготвени сме за тој чекор”, изјави Шушњар пред новинарите, коментирајќи ги американските санкции против НИС кои денес стапија во важност.


Тој потенцираше дека намената на оваа иницијатива е да се гарантира постојаност и да се заштитат економските интереси на Јадранскиот нафтовод (ЈАНАФ), кој со НИС има соработка веќе 4 децении, “без никакви аспирации за доминација на малопродажниот пазар во Србија”. “Тоа би било од полза и за нас и за Србија”, додаде хрватскиот министер.

Шушњар напомна дека единствената српска рафинерија, во Панчево, снабдува околу 20 проценти од нафтените продукти на пазарот во Босна и Херцеговина, што претставува дополнителна тешкотија за регионот. “До крајот на месецот очекуваме модернизацијата на рафинеријата во Риека да биде завршена, со што ќе се зголемат капацитетите и ќе можеме да помогнеме на Босна и Херцеговина, а делумно и на Србија”, рече Шушњар.

Тој исто така нагласи дека Хрватска е подготвена да обезбеди доволни количини на нафта и за Унгарија, Словачка и Србија кога тоа ќе го дозволат околностите.

Можете да прочитате

Во Албанија дадена првата лиценца за дигитална банка

Исполнета квотата за вработување во Германија според Западнобалканската регулатива

Во Белград ќе почне судење на деветмина студенти уапсени по протестот на Видовден, обвинети за подготовка на дело против уставниот поредок